Се реализира првата работилница за музички менаџмент наменета за независната музичка сцена во Битола. Истата се оддржа на 05 мај 2023 година во салата на Кино Манаки – КИЦ Битола, на тема „Како до успешен музички букинг.“
Претставници од десетина локални бендови, беа запознати со активностите и целите на проектот и веб страната наменета за промовирање на независната музичка сцена. Настанот траеше 2 часа, воден од професионалниот музичар, професор и промотор, директор на џез фестивал Поповски Сашо од Битола. Освен професионалната матрица за букинг, Поповски ги сподели своите искуства од почетоците до денес, што беше охрабрувачо и корисно за младите музичари. Настанот е дел од мини проектот; „Зајакнување на независната музичка сцена Битола“ поддржан од MOST , кој има за цел мапирање, профилирање промовирање на младите независни музичари и групи и подобрување на локалните политики за оваа целна група.
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2023/05/thumbnail-1-1.jpeg)
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2023/05/thumbnail-2.jpeg)
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2023/05/thumbnail-3.jpeg)
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2023/05/thumbnail-5.jpeg)
![](https://www.kulart.mk/wp-content/uploads/2023/05/viber_image_2023-05-05_23-34-13-208.jpg)
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.