Се одржува “Добра идеја” во МКЦ

27


22 септември 2021
Вечерва, со почеток од 21 часот во МКЦ ќе се одржи Добра идеја фестивал 2021.
Во рамките на фестивалот, во организација на Култи Ватор, ќе настапи Алембик – дуо од Скопје, оформено во март 2020. Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името). До сега имаат реализирано неколку видео настапи (Културен центар “Јадро”, “Voice of Youth” и Амок радио), и настап во живо како дел од програмата на Млади за Скопје. Во моментов работат на првиот, истоимен албум во продукција на Нино Спиркоски.
По нивниот настап следува диџеј сет на Сезер Салихи.
Влезот е слободен.
Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.

fb event: www.facebook.com/events/953850401830219

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.