18-те Дебармаалски серенади посветени на виното и љубовта ќе се одржат на 13 и 14 февруари

1337
Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет”, Скопје ги организира 18-те Дебармаалски серенади посветени на виното и љубовта, по повод Св.Трипун и Св.Валентин. Дебармаалските серенади се одржуваат на 13 и 14.02.2020 год. (четврток, петок). 
Дебармалски серенади  започнуваат на  13.02.2020 (четврток) од 17:00  и траат се до  21:00 часот. Почнуваат во 17 часот со кршење „Дебармаалска погача” со песна, музика и вино во пекарата „СИЛБО”. Потоа со серенади се оди по ул.„Костурски херои” , таму се одржува ритуал на поливање со вода, цвеќиња, бонбони и паричка… Серенадите продолжуваат  по улицата „Дебарца” кон кафеаната „Антица”, каде се пее и наздравува со бело и црвено вино. Во кафеаната „Идадија М” се продолжува со греана ракија песни за виното, љубовта и поезијата.Серенадите продолжуваат во кафеаните „Скопски мерак” и „Дебармаало” каде покрај серенади и поезија се одржува и „беседа за виното и љубовта”.
Завршниот дел е во слаткарницата „Апче” каде со серенади и поезија се засладуваат со торта и боза учесниците на 18-те „Дебармаалски серенади”.
Учесници на Дебармаалските серенади – 2020 се бројни уметници, музичари, поети, Живко Поповски Цветин,  “Велешки Чалгии”, Горан Алачки, Милка Ефтимова, Љупчо Ангелов, актер и гитарист, Верица Ристевска, Драган Мијалковски, Ристо Краповски, Атина Апостолова, Круме Спасовски, Вики Среброва, Хорот „Серенада”, Валентина Ѓоргиевска – Парго, Моника Стојанова, Тања Стоилковска, Драгица Пандиловска, Илко Димитриевски, Лидија Јеремиќ – Лучко, Горан Анчевски, Јовче Петковски, Емил Чинго и др.
 
Закројување на лоза и пуштање порака за мир и љубов во Вардар од мостот кај Жабарот ќе се случува на 14.02.2020 (петок) во 11:00 часот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.