3 Мај- светски ден на слободата на медиумите

12

Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај, оваа година е посветен на важноста на новинарството и слободата на говор, во контекст на глобалната еколошка криза што ја живееме.
За да се вклучиме сите заедно во глобалната кампања, годинава со наслов „Новинарството соочено со еколошка криза“ , споделуваме серија постери, продукција на УНЕСКО, кои сугерираат дека во светот, како и кај нас, многу стории треба да се раскажат. Односно дека новинарите не смеат да ги премолчат приказните за уништување шуми, реки, езера, за пожари како последица на глобалното затоплување, суши што уништуваат цели региони, загадување на воздухот и другите природни ресурси, исчезнување на видови…
Споделете ги постерите и потсетете дека и во вашата околина има многу приказни што треба да се раскажат!
-Новинарите и еко-активистите секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ја кажат вистината за состојбата на планетата. Реалноста не е секогаш убава, ниту пријатна, но обелоденувањето на кризата е првиот чекор кон нејзино решавање,велат од ЗНМ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.