51.издание на „Мајски оперски вечери“ 

116
На 3 мај (среда) во Националната опера и балет ќе се одржи прес-конференција по повод 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ и премиерата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди.
На прес- конференцијата  ќе ги споделат деталите за 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023, Директорот на НУ Национална опера и балет, м-р Васо Ристов, уметничкиот раководител на Операта, м-р Дејан Прошев, Бурхан Дибрани раководител на сектор за маркетинг, односи со јавност, документација, библотека и продажба, и дел од авторскиот и солистичкиот тим на оперската премиера „Набуко“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.