“Ај Кју” ја препееја “Молитва” од Виолета Томовска

26

“Ај Кју” , нашата група на релација Лондон- Скопје но константни во намерата да се редовно активни и присутни на домашен терен со нови песни и настапи.

“Ај Кју” се решија за смел чекор да ја препеат антологиската песна „Молитва“ напишана од браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски а првично испеана од Виолета Томовска.

Во оваа нова верзија во модерен бит Бојан и Марија од “Ај Кју” успееа да ја реализираат својата замисла заедно со Роберт Билбилов кој го изработи аранжманот.

„Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас нѝ претставува голема чест да го продолжиме животот на “Молитва”, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба.“, велат тие.

https://youtu.be/GFAgj0799tM
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.