Ема Попивода нѐ прошета во својот свет, во Аудиокултура 

21

 

Интимниот концерт на Ема Попивода во културниот клуб центар “Аудиокултура” беше пролетно доживување кое (о)стави убав печат во рамките на општата претпразничната прослава на Свети Кирил и Методиј. Тоа сосема може и така да се протолкува во општ контекст на сето тоа,  со оглед на тоа што духот на описменување на  сесловенските просветители сѐ уште и сѐ посилно наидува на творечка вибрација, а само духовно писмен човек може да ги восприми убавите музички вибрации кои ги предизвика оваа извонредна уметница, изведувајќи ги своите дела на скапоцениот пијаното, во оваа пригода специјално донесено за неа.

 

Интимен концерт со најтесен круг на обожаватели и обожавателки, некои од нив кои верно ја следат на нејзините концерти во Македонија во последниве години, а атмосфера изедначена со врвно доживување, во кое доминираше уметничкиот изблик.
Со голема енергија и максимална концентрација таа ја одржуваше атмосферата цело време на високо рамниште не дозволувајќи ни за момент да се почувстува ништо друго освен виртуозност.

 

Ема е посветена на својата музика, таа живее во и за неа и тоа е како “основен додаток” на нејзините дела.
За вистинска уметник и уметница секое делче каде стапнува е и може да стане сцена, но овој пат и тоа како сцената ѝ припаѓаше само неа, со оглед и на фактот дека за неа специјално беше донесено скапоцено пијано.
Ема Попивода, сама се обрати на дојдените посетители и најдобро е да се погледне од направените видеа како изгледаше таа чудесна моќ на уметницата на музиката.

 

Валентина Ѓоргиевска Парго

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.