На денешен ден е објавен албумот “Бубачки и градски ѕверки” на Ена Веко

22

На денешен ден, 15 април на плоча е објавен албумот “Бубачки и градски ѕверки”- првиот и единствен објавен албум на атрактивната македонската изведувачка Ена Веко. Издаден е во 1991 година од Македонска Радио Телевизија и Радио Телевизија Скопје.
Ена Веко преку ноќ направи бум, беше авангардна пејачка и првата раперка, беше многу во тренд и со апсолутна омиленост кај сите, од најмлад до највозрасен, вистинска с*кс бомба, со голема популарност и женствена и поттикнувачка адреналинска жестокост во изведување на своите штосни двосмислени и симпатични песни, кои повеќе речено ги рецитираше, со музика. Секогаш весела, темпераментна, со опасно добра и придвижувачка разиграност, со размрдани колкови…
Автор на целиот албум е инспиративниот творец и музичар Тоше Поп Симонов, кој е нејзин чичко, но со кој по раскинувањето на соработката прекина да се занимава со музика воопшто.
Ена Веко алијас Елена Домазетовска издаде само еден албум, „Бубачки и градски ѕверки“, и сите нејзини песни беа ултра- хитови во тоа време а и ден денес.
По завршувањето на гимназијата „Јосип Брзо-Тито“ во Скопје, замина на студии по психологија во Сиднеј и остана да живее таму каде е и мажена.
Таа беше вистинско освежување на македонската сцена, посебна појава и може со право да се рече најголемата фраерка на македонската сцена било кога. Беше многу популарна во почетокот и во средината на 90-тите години, а сите нејзини песни беа големи хитови.
Во сите дискотеки меѓу младите се потпевнуваа рефрените на: „Царевата ќерка“, „ До кога вака?, „Келнерот“, „Љубомора“ „Опера хаус“ и други. Со групата „Легенда“ ја отпеа популарната „Признавам, не признавам“, а настапи и на фолк -фестивалот „Цветници 93“ кога со Мирко Митревски и групата „Академци“ ја отпеаа „Си заљубив раперка“.

Список на песни од Бубачки и градски ѕверки:

1. „Царевата ќерка“ Тоше Поп- Симонов 5:01
2. „Во чија си (Прегратка)“ Тоше Поп- Симонов 3:01
3. „Земјани, луѓе“ Тоше Поп- Симонов 3:34
4. „До кога вака?“ Тоше Поп- Симонов 4:34
5. „Келнерот“ Тоше Поп- Симонов 4:35
6. „Мачо мен“ Тоше Поп- Симонов 3:43
7. „Љубомора“ Тоше Поп- Симонов Дамир Имери 3:33
8. „Не приоѓај ми“ Тоше Поп- Симонов Тоше Поп-Симонов 4:08

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.