Ѓорѓиевски: Првата статуетка за трајни заслуги за Кисела Вода, годинава ја доби Наум Бурназ

38

Скопје 26.06.2024

Доајенот на македонската опера и познатиот изведувач на македонски староградски и забавни мелодии, од кои најпознатата “Бор садила мома Евгенија”, Наум Бурназ е првиот кој годинава доби статуетка клуч од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Ова признание кое се доделува секоја година во рамки на чествувањето на роденденот на општината за трајни заслуги во развојот и афирмацијата на Општина Кисела Вода, Наум Бурназ ја доби во својот дом, заедно со роденденска торта, на денот на својот 84-ти роденден. А тој, на градоначалникот Ѓорѓиевски му подари своерачно потпишан албум.

– Среќен роденден на доајенот на македонската песна- неповторливиот Наум Бурназ!

Ако говориме за македонска музика, тогаш сигурно мислиме на Наум Бурназ! Имав голема чест да му честитам роденден на неповторливиот глас на македонската музичка сцена, човекот кој ги испеја песните за Патрикот, за Методи Патче, за светото име македонско, човекот кој беше протеран за неговата љубов кон Македонија итн. Да му доделам и клуч на општината како наш заслужен жител, признание за неговата вековна борба за Македонија преку неповторливиот македонски мелос. Имав и прекрасна можност да го запознаам неговото семејство, деца и внуци, од кои што Мирјана Бурназ која го носи неговиот ген и денес е магистер по отсек пеење во Германија. Искрено се гордеам на ова семејство кое продолжува да го работи оној аманет на Наум Бурназ и од мене секогаш ќе ја имаат поддршката!

-Чичко Наум, ти веќе жив влезе во легендите и остави неизбришлива трага на македонскиот медиумски простор. Идол на сите, моја стисната рака за поддршка! Ти благодарам на албумот и автентичниот потпис кој ќе стои на посебно место во мојот дом. Да си ми здрав и жив и концертот ќе го направиме заедно- честиташе градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.