Глигор Кондовски во сабота во “Аудиокултура”!

50

На 04.03.2023 година (сабота), во заедничко партнерство со Божиновски часовници и накит ќе се реализира уште еден настан од проектот “Крај Вардарот сесии” во “Аудиокултура”, на кој свој настап во живо ќе реализира Глигор Кондовски – истакнат артист од PMG Recordings.
Глигор Кондовски е дипломиран виолинист и магистер по филмско и ТВ сценарио кој денес работи како професор по виолина. Покрај успешната педагошка работа, во портфолиото на Кондовски се запишани шест албуми со амбиентална џез музика и бројни претставувања во земјата и регионот со музички композиции, кратки и документарни филмови. Зад себе има и три музички албуми во соработка со џез- музичарот и тромбонист Владан Дробицки и пејачката Марија Каева. Покрај музичкото творештво Кондовски има реализирано и три самостојни изложби.
Во оваа прилика, Кондовски ќе презентира современа, а сепак евокативна музика од својот последен албум Encounter (https://pmgjazz.bandcamp.com/album/encounter) чија звучна репродукција ќе се реализира преку системите на teoharov Audio.
Официјален пијолак на настанот е The Singleton од Gemak Trade, сингл малт виски со перфектно балансиран вкус. За посета на настанот задолжителна е навремена резервација.
Клубот “Аудиокултура” ја објави и целосната програма за месец март.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.