“Гоце фест 2024” на 15 март во Дом на АРМ

33
(Скопје, 21 февруари 2024)
Во неформално дружење со новинарите во скопскиот ресторан “Нина”, дирекцијата на фестивалот на новосоздадени патриотски и родољубиви песни “Гоце фест” деновиве ја откри програмата за своето 35. издание кое претстои следниот месец.
Имено, на 15 Март во Дом на АРМ ќе се одржи оваа позната музичка манифестација, овој пат со преку дваесеттина нови патриотски песни, во изведба на познати пејачи: Виданка Георгиевска, Серафина Фантаузо, Ванчо Тарабунов, Ристо Краповски, Петар Нечовски, Раде Младеновски, Методија Столевски, Милица Кузмановска, Ани Малинкова, Јулија Мациевска, “Модерато”, “Соната” и други. Водителка ќе биде Сузана Апостолова а ќе снима Тв Сонце.
Песните се речиси готови, се доснимуват уште некои финеси, а пејачите се подготвени да запеат со мерак. Сепак, се и огорчени што и оваа година Министерството за култура ги прескокнало и не издвоило ниту денар за нив, како да е тоа нечиј туѓ фестивал а не домашен, наш, негодуваат гласно. Ваква реакција има и уметничкиот директор Пеце Здравковски, кој нагласува дека тоа е судбината на “,Гоце фест” веќе 35 години откако постои, да се одржува со “снаоѓање”. Годинава логистика во одржувањето понуди и Фидан Шемоски, Македонец кој живее во Германија и воедно е иницијатор и за фестивалот на дуети кој се одржува во Могила, Прилеп.
“Гоце фест” постои од 1990 година, има продуцирано над 700 патриотски песни кои ја опеваат и величаат историјата на славните македонските јунаци и на славните времиња – невремиња.
Песните се објавувани на албуми и цедиња. И годинава ќе бидат објавени на нови цедиња и ќе бидат достапни веднаш по фестивалот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.