20.април – 20.мај -Месец на владеење на хороскопскиот знак БИК

1366

Астро позиции април-мај

На почетокот на владеењето на Бикот во следните 30 дена имаме Сонце, кое е во Бик во коњукција со Уран, што во принцип носи големи и неочекувани промени, кои можат од темел да ви го придвижат животот. За некои тоа ќе бидат промени во полето на пари.

Имаме уште една коњукција а тоа е Венера во коњукција со Меркур во Овен, што носи брзи, страсни средби, состаноци и нови познанства. Нови деловни договори или заработувачка, кои исто така ќе дојдат набрзина .

Други значајни астро елементи се тие, што во овој период до крај на април Месечината оди кон последниот дел на Водолија, Марсот е во Квадрат со Нептунот во Риби и затоа треба повеќе внимание во алхохол, лекови за смирување и внимателно со хаос во сообраќај.

Љубов

Последните 10 дена од месецот ќе ви бидат незаборавни и ќе бидете преплавени со внимание од луѓето кои ги сакате. Сонцето ќе патува во вашиот знак и ќе ви ја зголеми самодовербата. Каде што вие ќе блеската а  атмосферата ќе биде жешка. Нови додворувачи  и нови пријателства се тука околу вас.

На 20 април Венера, планетата на љубовта и убавината,  премина во вашиот сектор на фантазиите и идеализмот. Внимавајте, можно е да ги гледате луѓето низ розови очила и да не ги забележувате нивните недостатоци. Ако планирате да започнете нова врска, добро информирајте се за оној што ви се допаѓа. Побарајте мислење од пријателите, понекогаш нештата се гледаат подобро од поголемо растојание.

Мај е месец кој ја буди природата, но вас ќе ви ја разбуди страста. Тогаш ќе се случи млада месечина во вашиот знак, а и романтичната Венера ќе се пресели таму. Харизмата ќе ви биде огромна, заведувајте и освојувајте. Нови почетоци ќе се родат за многу бикови.

Работа и пари

Во последната недела од месец април, две планети, односно  Плутон како планета на трансформацијата и строгиот учител Сатурн, ќе преминат во ретроградно движење во вашето 9-то поле. Доколку претходно сте мислеле дека вреди да реализирате ваша голема идеја, сега ќе се сомневате дека ги имате потребните вештини за тоа. Повлечете се и направете добра анализа каде сте и каде сакате да стигнете. Не брзајте, движете се полека, но сигурно е дека треба да пробате!

Откако во март радикалниот Уран премина во вашиот знак, можно е веќе да сте одлучиле  да направите сериозна промена на професионален план, како преместување на ново работно место, истражување на нова област или заминување на работа во странство или тоа ќе го направите токму овој месец до крај на мај.

Три еклипси оваа година (на 6 јануари, на 16 јули и на 26 декември) ќе се случат во јарец, вашата глобална 9-та куќа и ќе ви приредат возбудливи можности за патување и доедукација. Можно е да се роди прекрасно партнерство меѓу вас и лице од друга држава. Има време за следната на 16-ти јули, таман толку, колку да ви даде простор да се преиспитате.

Здравје

Април е погоден за менување навики кои ви штетат и за откажување од пороци, па затоа искористете ги поволните аспекти почнувајќи од 19 април, кога  настапи полна месечина во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Бидете смели и упорни.

Емоционално закрепнување ќе ви донесе престојот на Јупитер во вашата 8-ма куќа. Ако страдавте од скршено срце или скршен дух и поради тоа се занемарувавте себеси, сега тоа ќе се промени. Ќе станете поцврсти и нема да дозволувате минатото да ви ја уништува  желбата за живот.

Следниот месец ќе имате поволни аспекти за тоа. На 18 мај ќе бидат создадени совршени услови за да кажете КРАЈ на ваш порок или лоша навика која ви ја исцрпувала енергијата.

Совет– Искористете ги поволните астро влијанија во вашиот месец. На негативните не обрнувајте многу внимание и најдете начин да ги амортизирате.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.