“Ил Воло” ќе настапи ревијално на Евровизија 2022

13
Il Volo (da sin. Gianluca Ginoble, Ignazio Boschetto e Piero Barone) ritratti nella sala stampa del teatro Ariston a Sanremo 12 febbraio 2015. Band singer 'Il Volo' (L-R Gianluca Ginoble, Ignazio Boschetto e Piero Barone) pose at press room in Ariston theatre in Sanremo, Italy, 12 February 2015. Sanremo Somg Festival runs from 10-14 February. ANSA/CLAUDIO ONORATI

Годинешната Евровизија, која ќе се одржи од 10 до 14 мај во салата Пала Олимпико во Торино, Италија, веќе официјално започна со пристигнувањето на екипите за земјите учеснички, кои веќе ги одржаа првите проби и првите прес конференции. Екипата и Андреа денес, 2 Мај, заминуваат за Италија, со оглед на тоа дека таа ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 12 мај, како единаесеттата, и нејзините технички проби ќе почнат деновиве.
Организаторот секој ден дозирано објавува вести за тоа што сѐ ќе може да се види на големата сцена, на 10,12 и на 14 мај.
Објавена е и веста дека на Диодато ќе му биде дојдена можноста да настапи на Евросонг. Тој победи на 70 издание на Сан Ремо 2020, со песната Fai Rumore, но бидејќи поради пандемијата Ковид 19 таа Евровизија беше одложена, тој тогаш не се натпреваруваше. Дардус, еден од најуспешните продуценти на планетата, ќе настапи за време на Првото полуфинале во придружба на диџеј/продуцентот Бени Бенаси и британскиот бенд Sophie and The Giants, со учество на диригентската Силвија Катаста…
И тоа не е сѐ! Седум години откако за првпат излезе на сцената на Евровизија, италијанското трио “Ил Воло” повторно ќе се врати на натпреварот во мај. Пејачите ќе имаат ревијален настап за време на Второто полуфинале, на 12 мај.
Тие оставија голема песна зад себе, која и по седум години од изведбата, се слуша во Европа и пошироко, а тие стекнаа милионска бројка на обожаватели.

Ва. Ѓ. Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.