Концерт на корејската музичка група TENGGER во МКЦ

13

Младински културен центар со особена чест и задоволство го најавува концертот на музичкото патувачко семејство TENGGER вечерва, петок 24 февруари 20:30 часот во кино Фросина.
TENGGER е патувачко музичко семејство, составено од пан-азиски пар, Ита и Маркидо, кои го создаваат својот бренд на “Psy/New-Age/Drone” магија преку употреба на мелодеон, глас и инструменти играчки (свирени од Ита) и аналогни синтисајзери (свирени од Маркидо).
Дуото првично започнува со називот „10“, но од раѓањето на нивниот син РААИ (кој им се придружува на турнеите и често на сцената) во 2012 година, се нарекуваат TENGGER што значи „неограничено небо на монголски јазик, за да го одбележат проширувањето на семејството
Патувањето, како духовно искуство во реални средини, и звукот меѓу просторот и публиката беа централни теми на нивните дела. Годишните аџилаци на семејството го информираат секој аспект од нивната уметност.
Билети за концертот може да се набават на билетарницата на МКЦ или онлајн, по цена од 500 денари.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.