Кујна- Вкусен викенд доручек- Пинерлии со урда

1360

Пинерлии со урда -Меки како душа….

Од наведените состојки за тесто, со активираниот квасец во брашното и млеко од тоа
што ќе се меси, се замесува меко тесто и се остава да го дуплира волуменот.

Потоа се дели на 16 топчиња, убаво се измесуваат и оформуваат.

Се премачкуваат со масленце и се оставаат да надојдат уште околу 20 мин.

Потоа од секое топче се отвора правоаголна кора, се премачкува со делче маргарин.

Се попрскува со изварка. Се рола и се обликува пинерлија.

Се редат во намрсен плех, се прамачкуваат со разматена жолчка и повторно да
надојдат, околу 30 мин..

Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 25 мин.

Потребни состојки:

За тесто: 1 кг. просеано бело брашно 1 пресен активиран квасец 2 кафени лажичиња шеќер 2 кафени лажичиња сол 100 мл. масло 150 мл. јогурт на собна температура 300-350 мл. топло млеко 2 белки – жолчките одат за премачкување одозгора 1 маргарин за премачкување

За фил:500 гр. кравска изварка

Лесно и вкусно!

Извор:

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.