Куларт кујна- Палачинки со карамел и мелени бисквити

1522

За подготовка е потребно:

1 шоља брашно

2 јајца

1 шоља кисела вода

1 шоља млеко

1 првстофат сол

малку масло

За премачкување:

Џем по избор

или топка сладолед за додаток

Карамел прелив:

3-4 лажици шеќер

1 портокал

1 лажица маргарин

Подготовка

Летно освежување и заблажување. Како да подготвите за себе и најблиските палачинки со карамел и мелени бисквити . (по ваш избор можете да додадете џем или топка сладолед).

Палачинки: брашното , јајцето, киселата вода, млекото и солта измешајте ги а густината направете ја по ваш избор. Потоа во соодветно тавче печете ги палачинките се додека имате смеса. Готовите палачинки премачкајте ги со направениот карамел измешан со мелени ореви. По вкус можете да премачкате и тенок слој џем .

Подготовка на карамел: Во помало тенџере карамелизирајте го шеќерот додека не добие браон боја. Додајте ги сокот од портокал и маргаринот. Внимателно мешајте се до хомогена маса во која додајте 100 гр. мелени бисквити. Малку да се олади и правете ги палачинките.

 

Можете да додадете и топка сладолед .Освежувањето ќе ве расположи во жешките летни денови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.