“Лица и дела” со нов концепт

176

По десет години на програмите на ТВ Сонце, портретирање на познати личности, од музиката, културата, книжевноста, уметноста, емисијата “Лица и дела” во дел го менува својот концепт.

Имено, кон крајот на октомври почна новиот циклус, во кој гледачите видоа некои познати личности, Регина Икономовска, актерка и сценарист на фимот “Брод со бисери”, Томче Кицевски Пепси, композитор, текстописец, продуцент, Стојна Костовска актерка доајен, Људмил Спасов професор на Филолошки факултет, Стојко Митковски, доктор Злате Мехмедовиќ…

Она што е новина, во следните емисии екипата на емисијата ќе биде фокусирана пред камера да носи гости кои имаат специфични професии, кои постигнале успех во својата работа, а кои можеби и никогаш пред тоа не се појавиле на малите екрани. Исто така, освежена е и сценографијата со нови елементи.
Новиот циклус почна на 29 октомври, се емитува секоја сабота во 21 часот, реприза недела во 13.15 часот, и на сателит во раните утрински часови во дијаспората.
“Работиме напорно, креираме, зошто секој вложен труд носи успех” , велат од тимот.
Уредник и водител е Мери Тодорова Младеновска, автор и продуцент Симе Младеновска, а дел од екипата се и реализаторот Владо, камерманите Срѓан, Далибор, Деки, Ципус и Владо монтажа и Гордана Пајаковска асистентка за теренска реализација.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.