“Локомотива” на МОТ со “КОЛО” – Танцов перформанс

56

Локомотива програмата на МОТ оваа година ќе го претстави танцовиот перформанс „КОЛО“ на 11 ноември во 22 часот во Денсинг салата на Младинскиот културен центар.
Перформансот е во продукција на Станица – Сервис за современ танц, а ко-автори и изведувачи се: Симонида Жарковиќ, Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, Јана Миленковиќ, Исидора Поповиќ, Јована Стојиќ и Александар Стоименовски.
Претставата „КОЛО“, ги преиспитува современите манифестации на заедницата, со фокус на физичките аспекти на нејзиното прикажување преку танцовата практика. Ја испитува и можноста и неможноста да се оствари контакт во време на промени врз основа на дигиталните технологии, користејќи ја како катализатор „новата реалност“ предизвикана од пандемијата. Народното оро [коло] е централниот елемент на внимание. Постојаниот физички контакт на групата, едноставноста на движењата и акцентот на заедничките активности ја формираат основата на овој перформанс.
Овaa претстава на МОТ фестивалот е дел од проектот (Не)Врзани Движења, а е курирана од Биљана Тануровска- Ќулавковски а продуцирана од Емилија Чочкова.
(Не)Врзани Движења е поддржан од програмата Креативна Европа/Европска соработка Западен Балкан.
Проектот (Не)Врзани Движења/ (Non)Aligned Movements е развиен во партнерство помеѓу СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танцова академија Словенија, Љубљана; Номад танцова академија Хрватска; Танцфабрик Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.
Билетите се по 300 денари.

https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1320

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.