Членовите на ССНМ ќе даруваат крв

36


Одбележување на 3 мај– Светски ден на слобода на медиумите

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на 2 мај 2024 организира крводарителска акција со која ќе го одбележи 3 мај- Светскиот ден на слобода на медиумите. Акцијата во која може да учествуваат сите новинари ќе се одвива координирано на неколку локации во земјава.Во терминот од 8.00 до 14.00 драгоцената течност која спасува животи ќе може да се дарува во Скопје, во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО Даре Џамбаз), а во просториите на службите за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар Битола, во Општата болница во Струмица и во Клиничкиот центар во Штип крв може да се дарува од 09.00 до 14.00 часот
Крводарителската акција се одржува заеднички со Здружението на новинари на Македонија и со поддршка на Црвен крст на град Скопје.
Со цел ефикасно организирање на оваа солидарна акција новинарите може да се пријават на електронската пошта на ССНМ [email protected].

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.