МКЦ: Викендов, седмата „Битрикс танцова лига“

200

Овој викенд (16-17 октомври 2021) во Младинскиот културен центар ќе се реализира седмото издание на интернационалниот танцов камп „Битрикс танцова лига“, во организација на Битрикс културен центар.
Фестивалот веќе седум години се стреми да ја доближи до јавноста уличната култура, со посебен фокус на танцовата уметност, притоа остварувајќи богата програма за млади и етаблирани изведувачи.
Фестивалот веќе седум години се стреми да ја доближи до јавноста уличната култура, со посебен фокус на танцовата уметност, притоа остварувајќи богата програма за млади и етаблирани изведувачи.
Фестивалотв седум години се стреми да ја доближи до јавноста уличната култура, со посебен фокус на танцовата уметност, притоа остварувајќи богата програма за млади и етаблирани изведувачи.
Досега „Битрикс танцова лига”„ била домаќин на гости од: САД, Англија, Холандија, Италија, Швајцарија, Грција, Естонија, Украина, Србија, Словенија, Бугарија…
Овогодинешното издание вклучува танцови работилници со гостите предавачи од Франција (Aurelien Collewet – Biscuit), Србија (Никола Планка) и Грција (MariaYoume) кои ќе бидат отворени за пријавените учесници на кампот.
Дополнително, на 16.10 со почеток во 20.30 часот во МКЦ, ќе се реализираат и вечерни настани кои ќе бидат достапни за пошироката јавност, и тоа: платформа за афирмирање на млади кореографи (Young Choreographers Contest) и All Styles Battle (Битка во импровизација).
На 17.10. (недела) фестивалот ја имплементира и новата платформа која ќе служи за афирмација на уметници во подем – „Современо-урбани кореографски минијатури “каде свои минијатури ќе одиграат предавачите од Србија, Грција и С. Македонија, а публиката ќе има можност да го проследи и видео перформансот на танчарот Aureliene Collewet од Франција.
Културниот центар Битрикс е двигател на уличната танцова сцена кај нас, па како сков постојано се залага за развој на истата и за креирање на контекст за афирмација и едукација на младитанчари.
Изминатата година центарот ја реализираше програмата ВАДА – Виртуелна Американска Танцова Академија, во соработка со Амбасадата на САД во земјата, а во рамките на која учествуваа 60 танчари од цела земја. Програмата во првата фаза обезбеди квалитетна едукација од областа на уличните танци со реномирани предавачи од САД, но и едукативна програма за културен менаџмент.
Во втората фаза пак, дел од учесниците учествуваа во подготовка на танцов перформанс со предавачот AnthonyArmstrong – Slimboogie. Нивниот перформанс за првпат ќе биде одигран во рамките на фестивалот „Битрикс Танцова Лига“ и тоа 17.10. во рамките на платформата „Современо-урбани кореографски минијатури“.
Фестивалот се реализира со поддршка на Град Скопје, Младински културен центар и Ред Бул Македонија.
www.facebook.com/events/1711414505719184
www.facebook.com/beatrixdanceleague

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.