Funk Shui со концерт во Лабораториум

10

Funk Shui ја одбележаа 2023. со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб, итн.), како и издавање на долгоочекуваниот албум “Никогаш Пак” на 31 Март 2023 кој резултираше со два распродадени концерти во Скопје во Младинскиот Културен Центар.
“По една година од издавањето на нивниот последен албум “Никогаш Пак”, Фанк Шуи со возбуда го најавуваат нивниот следен самостоен концерт во Скопје.
Концертот ќе се оддржи на 26 април на новата сцена во културно-едукативниот центар Лабораториум, со почеток во 21 часот.”

Во Скопје има потреба од нешто ново и свежо што не е само уште еден центар за настани, бидејќи културно- образовниот дел од животот е многу повеќе од само настани. Лабораториум се труди да биде малку повеќе од културен центар и заедно со Фанк Шуи ви го најавуваат најголемиот музички настан до сега.
Билетите за концертот се во претпродажба од ПЕТОК (05.04) во 10 часот наутро, онлајн на www.ticketx.mk, како и во LAB Cafe.
Фанк Шуи неодамна издадоа спот за песната “Никогаш Пак”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.