„Grand Theft Auto“ тематска забава вечерва во МКЦ!

125

Скопје, 24.12.2021

Вечерва, со почеток од 22 часот во МКЦ ќе се одржи „Grand Theft Auto“ тематска забава, во организација на Скопски Грув и Funky Fresh.
Овој настан е воедно и последната журка во МКЦ за годинава. Преку култните радиостаници застапени во игрите, овој пат со фокус на San Andreas и GTA V, односно автентичниот Los Santos звук ќе го доловат DJ Goce и Double G. Настанот има и задолжителен дрес код: West Coast Los Santos / Gang Colours.
Билетите се во ограничен број, достапни по цена од 400 денари на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.