„КИЦ АРТЛЕНД” на Први Октомрви во КИЦ

32
На 1-ви октомври во Културно информативниот центар за прв пат ќе се одржи мултимедијлната манифестација  „КИЦ АРТЛЕНД”, настан, на којќе земат учество голем број на македонски уметници.Се создава можност за претставување на сите видови на уметност, како поезијата, музиката, танцот, театарот, фотографијата и филмот, се со цел доближување на истите до публиката и јавноста.
Целта на овој проект е да стане традиционален а со тоа и да се создадат услови но и да се поттикнат младите уметници почесто да се претствуваат пред аудиториумот на мултимедијалните манифестации во Република Македонија. Идејата за започнување на реализацијата на ваквиот настан е дојдена од режисерот во Македонската опера и балет г-дин Трајко Јордановски, група на уметници, и поддржувачи на уметноста,  која идеја беше прифатена и поддржана од директорот на  Културно информативниот центар- Скопје, г-дин Антонио Димитров и беше договорено заеднички да се работи на негово остварување.
Оваа идеја зема свој зародиш и беше како ехо, или поточно како одговор  на крикот на граѓаните, дека културно уметничкиот живот е на незавидно ниво и дека треба да се работи на негово подобрување.
Во програмата учество ќе земат МаријанСтојковски–„Belief in Painting”изложба која ќе се реализира во продажниот салон на КИЦ, во салон Империјал II,  ќе настапи Алекс Петковски со своја инструментална изведба на македонски песни, исто така свое учество ќе имаат и Ристана Николова и Ивона Нацевска со поетско читање, како и вокалниот состав „Мелизма”, додека пак восалонот Империјал I, свои настапи ќе имаат – Академски хор „Мирче Аце” како и изложба на 60-то јубилејно издание на „Денови на македонска фотографија“. „КИЦ Артленд”, ќе ја доживее својата кулминација со настапите на триото „Џентлмени”,  како и младата пејачка ѕвезда Огнен Здравковски, како и поетскиот перформанс на Елена Пренџова и Нино Наумовски.
Силно веруваме дека  „КИЦ АРТЛЕНД”, ќе прерасне во една убава традиционлна манифестација, и дека градот Скопје ќе застане зад него како и дека следната година „КИЦ АРТЛЕНД”, ќе влезе во годишната програма на Културниот информативенцентар-Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.