Концерт за деца со “Трио Џентлмен” во Гевгелија

162

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, на 25 декември, 2021 година, организира манифестација за најмалите
од Гевгелија по повод новогодишните празници, „Пееме со Дедо Мраз“. Имено, пред платото на Народниот театар, со почеток во 12 часот, Дедо Мраз ќе биде дочекан со музички перформанс
на „Трио Џентлмен“.
– Дечиња и родители, Дедо Мраз и оваа година ќе не израдува со своето присуство. Пред платото на Народниот театар, заедно со прекрасните „ТРИО ЏЕНТЛМЕН“ ќе го дочекаме Дедо
Мраз. Уште еден специјален гостин кој ќе ни помогне да го дочекаме Дедо Мраз ќе биде и Баба Мразица. „Трио Џентлмен“ се
наши верни пријатели кои ќе ја исполнат новогодишната музичка атмосфера со компилација од новогодишни детски песнички. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!, стои во поканата на ЈОУ Дом на култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.