“Деновите на руски јазик” почнуваат со концерт на 22 септември


На 22 септември во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт на руска класична музика со што ќе започнат Деновите на руски јазик и култура во Р. С. Македонија.
На концертот ќе учествуваат истакнати македонски музичари: Ана Кондратенко, Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска, Марија Вршкова, а ќе се изведат дела на С.М. Рахманинов, П.И.Чајковски и Д.Д.Шостакович.
Влезот е бесплатен. За влез е потребен сертификат за вакцинација или за прележан COVID-19.
Поради ограничен број места, задолжително е пријавувањето на [email protected]

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.