Концертна серија „Musica Viva на отворено“ на ФМУ – Скопје

25

Факултетот за музичка уметност – Скопје на 27, 28 и 29 мај организира концертна серија„Musica Viva на отворено“ како дел од научно-истражувачкиот проект NIP.UKIM.21-22.15 поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Програмата на концертите ја сочинуваат дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-рЗорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Марија Вршкова, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, доц. м-р Димче Белчовски, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов.
Концертите ќе се одржат на Платото пред НУ Национална Опера и Балет во следниве термини:
27 мај: ПРЕЛУДИУМ (пијано, хармоника)
28 мај: SONARE (виолина, тромбон, соло пеење, корепетиција практика)
29 мај: ПРОЛЕТНИ ПЕСНИ (соло пеење, вокално студио, флејта, виолина, виолончело, контрабас, корепетиција практика).
Почеток на сите концерти е во 19 часот.
Влезот е слободен. Резервација на седиште на тел. (02) 3134345 или на
[email protected]
http://www.fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/60689/Koncertna-serija-Musica-Viva-na-
otvoreno-27-28-i-29-maj-2022-godina

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.