Музичкиот фестивал Андерфест оваа година со второ издание во Скопје

808

Прогресивниот, музички фестивал оваа година ќе понуди дводневна комплетна програма и ќе се одржи на 3-ти и 4-ти април 2020 година, во поткровјето на Public Room. Влезот за двата фестивалски денови ќе биде бесплатен. Второто издание на Андерфест ќе се одржи првиот викенд во април и на него ќе земат учество повеќе бендови кои ќе се претстават со својата авторска музика.

Првиот ден на 3 април ќе настапи алтернативната група Cruel od Скопје, Фосфен од Битола, групата Fiction од Скопје, High Voltage од Охрид, како и еден од најпопуларните рапери во моментов од нашата држава Матеј Фолц.

Вториот ден честа да свират на сцената ќе ја имаат Sincrest од Кичево, The Chicks – девојките од Велес, Hood, Пепел, Reinconnected . Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рокенрол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.