Научна средба со проф. д-р Александар Димитријевски и „Musica Viva за деца“ со дела на Властимир Николовски, Драгослав Ортаков и Благоја Ивановски

150

Во рамките на одбележувањето на 55 години од своето основање Факултетот за музичка уметност продолжува со циклусот НАУЧНИ СРЕДИ со предавањето на вонр. проф. д-р Александар Димитријевски „Улогата на Факултетот за музичка уметност – Скопје во развојот на современата македонска етномузикологија“. Предавањето ќе се одржи на 22 декември на платформата zoom со почеток во 19 часот. За повеќе информации упатуваме на сајтот на ФМУ:

http://www.fmu.ukim.edu.mk/

Факултетот за музичка уметност – Скопје продолжува со реализацијата на програмата „Musica Viva за деца“ како дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проектот опфаќа реализација и објавување снимки со изведби на студентите на Факултетот за музичка уметност на YouTube каналот на ФМУ – Скопје. На програмата се дела на македонски и светски композитори чиишто јубилеи се одбележуваат во 2021 година. На сајтот и YouTube-каналот на ФМУ објавени се новите делови од програмата.

Комплетно е објавен „Младинскиот албум“ (1960) од композиторот, долгогодишен професор и прв декан на Високата музичка школа, односно Факултетот за музичка уметност, Властимир Николовски (1925–2001) во изведбата на Даниел Петрески – апсолвент на програмата за музичка теорија и педагогија и студент на IV година на пијано во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска и Леонид Петрески – студент на IV година на пијано во класата на проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска. Изведбите можат да се проследат на следниве линкови:

http://www.fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/60653/-Musica-Viva-za-deca-3-Mladinski-album-Vlastimir-Nikolovski-Daniel-Petreski-student-od-klasata-na-prof-d-r-Marija-Goshevska

http://www.fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/60659/-Musica-Viva-za-deca-5-Mladinski-album-Vlastimir-Nikolovski-Leonid-Petreski-student-od-klasata-na-prof-m-r-Katerina-Gelebesheva-Kostadinovska

Објавени се и изведбите на неколкуте композиции од „Детската суита“ (1954) од Драгослав Ортаков (1928–2007), музиколог, композитор и долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност и „Детските минијатури“ (1957) од композиторот Благоја Ивановски (1921–1994), еден од првите симфоничари во современата македонска музика. Композициите се во изведба на студентите Елена Петреска и Нора Бајрами (класата на проф. д-р Марија Ѓошевска), Ивона Огненовска (класата на проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска), Сара Стојковска и Бојан Ивановски (класата на вонр. проф. м-р Марија Вршкова). Изведбите можат да се проследат на следниве линкови:

http://www.fmu.ukim.edu.mk/mk/Home/News/60655/-Musica-Viva-za-deca-4-studenti-od-klasite-na-prof-d-r-Marija-Goshevska-prof-m-r-Katerina-Gelebesheva-Kostadinovska-i-vonr-prof-m-r-Marija-Vrshkova

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.