“Распеана чаршија” со староградски песни

26

Гевгелија, 1 јуни 2022

Oд денеска, со одржувањето на препознатливата манифестација за градот Гевгелија, „Распеана чаршија“,
започнува културното чествување на заштитникот на Гевгелија, христијанскиот празник Вознесение Христово – Спасовден.
Традиционалната манифестација ќе започне во 20 часот, на платото пред Народниот театар. Со староградски македонски песни ќе настапат: „Распеани гевгеличани“, „Распеани валандовчани“, пејачката група на ЗП Кавадарци „Никола Бадев“, ВИА „Распеани струмичани“ и пеачката група на Здружението на
пензионери „Сава Михајлов Гевгелија“.
Активностите од првиот ден на тридневната програма продолжуваат со отворањето на Изложба на фотографии и
презентација на видео-материјали „Манастирите и црвките во Гевгелиско (Стара Гевгелија), со почеток во 21 часот.
Изложбата е во организација на Дом на култура „Македонија“, во соработка со ансамбл „Македонија“.
На 2 јуни, гостува балетскиот ансамбл при НУ Национална опера и балет со балетската претстава „Ла, ла, ла“, во режија и кореографија на Саша Евтимова. Балетската претстава ќе се одигра во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20 часот.
Културната програма завршува со отворање на Изложба на друштвото на ликовни уметници од Гевгелија- ДЛУГ, на 3 јуни, во фоајето на Народниот театар, со почеток во 19 часот, како и Концерт на класична музика, во изведба на Маја Чанаќевиќ (англиски рог) и Ана Гацева (пијано).
Тридневната богата културна програма е во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а под
покровителство на Општина Гевгелија. По повод одбележувањето на заштитникот на градот Гевгелија, Општина Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ги покануваат граѓаните од општината да присустуваат на настаните и да уживаат во програмата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.