„Виолин Фест“ со седмо издание во Македонска Филхармонија

957

На 12.06.2019 со почеток во 20.00 во камерната сала на Македонска Филхармонија, ќе се одржи седмиот по ред концерт на млади виолинисти ,,ВИОЛИН ФЕСТ”.

На овој концерт, кој прерасна во еден вид традиција, своите вештини на инструментот ќе ги прикажат 11 млади виолинисти од Македонија, Србија и Косово, придружувани од  пијанистката Марија Вршкова.

Несекојдневениот концерт има за цел да овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта, и да уживаат во она што го постигнале со досегашната работа.

 

 

Овој проект е во организација на концерт мајсторот на Филхармонијата, Владимир Костов и е поддржан од Министерството за култура.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.