СКОПЈЕ КОЛИНГ 2022: “Пласибо” сепак доаѓаат на Стадион на АРМ

262

По откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година, која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, од Авалон Продукција соопштуваат дека го одржа ветувањето и го потврдија доаѓањето на еден од најголемите, највозбудливи и сигурно најконстантни по својот квалитет рокенрол бендови во овој век “Пласибо”, како што велат тие, на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.
Само неколку дена по објавувањето на новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум – добивме дозвола да го објавиме и овој голем евент, додава организаторот.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15. октомври во 9 часот наутро по следниве цени и категории:
ПАРТЕР: 1500 денари
ФАН ПИТ: 1990 денари (само 1000 влезници во продажба)
Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите со новиот датум доколку тоа не го сакаат бидејќи сепак ќе им бидат важечки.
ВСо објавата за овој концерт, започнува серијата на објави на големи светски имиња за Македонија и регионот за 2022 година! Бидете живи и здрави и убави како што сте и досега, и останете вклучени на нашите платформи,порачуваат во крајот на соопштението.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.