Зарина Првасевда со концертна промоција на својот прв албум “ЕХО”

50

На 15ти Април со почеток во 20 часот, во Македонската Филхармонија, ќе се случи долго очекуваниот и најавуван настан на Зарина Првасевда каде таа ќе одржи свој солистички концерт-промоција на нејзиниот прв официјален студиски албум, насловен како “ЕХО” кој во деновите што следат ќе излезе под етикетата на Croatia Records, која важи за најголема и најпродуктивна издавачка куќа на Балканот од ваков тип.
Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани а отпејан на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.
Зарина ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав : Филип Димишковски, Ратко Даутовски , Дејан Цветковски , Драган Теодосиев, Благојче Трајковски , Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир .
Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.
” Овој концерт претставува своевидно заокружување на првиот циклус – нашето виртуелно дружење изминативе две – три години по социјалните медиуми , со што отпочнуваме ера на заедничко физичко споделување на енергија, љубов и музика кое на крајот на денот го заслуживме и јас и мојата публика и сите мои следбеници. Овој настан го чекам и замислувам откако знам за себе си, што говори за тоа дека е од вистински голема емотивна важност за мене и можам да кажам дека оние кои ќе бидат присутни таму, ќе посведочат на најубавиот ден во мојот живот како и остварувањето на сонот на едно мало девојче што никогаш не престана да сонува, дури и кога се чинеше речиси невозможно. Со голема радост и срце полно љубов и музика, ве очекувам на 15 Април! “ , вели Зарина.

Продажбата на билетите ќе започне од 04.04.2022 и истите ќе можете да ги набавите онлајн на овој линк : Зарина Првасевда & ансамблот – „Ехо“ – karti.com.mk како и во сите продажни места на karti.com.mk по цена од 500 денари или по цена од 600 денари на денот на концертот на врата во Македонската Филхармонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.