На денешен ден е роден Џон Ленон

37
Ленон е роден на денешен ден, 9 октомври 1940 а животот го завршил на  8 декември 1980. Се смета за една од големите музички икони на дваесеттиот век. Член на легендарните “Битлси”, кои ја сменуваат музичката историја на светот. 
Тој  е познат како  пејач, композитор и гитарист на Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, глумец и писател. 
Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесеттиот век. Славен стана и по неговата врска и брак со јапонската Јоко Око, во брак биле од 20 март 1969 година до 8 декември 1980 година, кога Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.
 
Во 2002 година, според анкетата 100 најголеми Британци на Би-Би-Си Ленон бил рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласило Ленон за 38. најголем музичар на сите времиња на својата листа „Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха“. На истата листа, Битлси го зазеле првото место.
 
Во 1969 година, заедно со другите членови на „Битлси“, Ленон го добил Орденот на Британската Империја, но четири години подоцна го вратил орденот, наведувајќи неколку причини: вмешаноста на Британија во војната во Нигерија, поддршката што Британија ѝ ја давла на САД во војната во Виетнам и лошиот комерцијален успех на неговата песна „Студена мисирка“ (Cold Turkey). 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.