Почнува “Распеана Македонија”, на Тв Сонце

90

“Распеана Македонија” е нова музичка емисија која наскоро ќе се емитува на ТВ Сонце. Во екипа што ја подготвува “Распеана Македонија” се Игор Мицковски главен и одговорен уредник, Владимир Стојковски монтажер и реализатор, и Симе Младеновски музички уредник.
– Секој ден од 9 часот наутро да ги будиме гледачите со прекрасна македонска традиционална музика. Целта на емисијата е, пред сѐ, да ја вратиме македонската фолк, изворна музика и да се потсетиме на оние стари, антологиски песни кои ги испеале нашите доајени, нашите музички амбасадори. Во оваа музичка емисија ќе има простор за секого кој се занимава со традиционалната фолк изворна и етно музика, доста е од кичови, турбофолкови, треба да си ја вратиме традицијата. Нашата музика е преубава и имаме одлични естрадни уметници, музички групи, културно- уметнички друштва, играорни групи кои негуваат македонска музика,па еве можност да ги презентираме и во Македонија и надвор во дијаспората. Во “Распеана Македонија” ќе презентираме и народна и забавна музика, и некои новитети кои не би сакал да ги откривам сега, нѝ открива Симе Младеновски и додава:
-Се надевам дека јас како музички уредник ќе ја оправдам довербата која ми е дадена, и секако со екипата ќе направиме убави емисии во кои ќе уживате сите заедно, и гледачите и изведувачите. Се надевам ќе го погодиме и задоволиме вкусот на гледачите и дека ќе уживаат со емисијата. За сите изведувачи ќе има место, за сѐ што е квалитетно. Рејтингот и гледаноста на емисијата го носат самите изведувачи, но гледачите се тие кои пресудуваат дали ќе ѝм се допадне или не, заклучува познатиот продуцент а сега и музички уредник.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.