Ponder најавува: Funk Shui и From Another Mother, в сабота во Битола

44

Ponder е независна битолска културна иницијатива која има за цел промовирање на независната култура и живата уметност кај младите. Тие во сабота (21. октомври) во 20 часот во Клуб Јагода во Битола, организираат концерт на музичките групи Funk Shui од Скопје и From Another Mother од Загреб, Хрватска како дел од нивната културна програма.

Со особена радост и возбуда Ponder  најавува го најавува овој концерт на Funk Shui, кои заедно со From Another Mother од Загреб, Хрватска ќе ја раздрмаат сцената во Клуб Јагода и :…”со голема самодоверба ќе се “дрзнеме” да тврдиме уште сега – ова ќе биде претендент за концерт на годината”, велат меѓудругото.

Настанот започнува во 20 часот, а за почетно загревање пред бендовите ќе се погрижи Bad Juju.

Цената на картите почнува од 300 денари (првите 100 билети), потоа ќе биде 400, а на врата влезот ќе чини 500 денари.

Funk Shui е еклектичен колектив од Македонија, воден од ненаситна љубопитност да истражува нови патишта на музичко изразување. Од нивниот деби албум „Етер“ во 2012 година, Funk Shui постојано се развива, усовршувајќи ја својата визија и звук. Бендот не може лесно да се категоризира, но најдобро е разбран како извонредно искуство кое опфаќа низа на емоции, стилови и влијанија.

Во 2023, по низа награди и настапи низ Велика Британија, Полска, Австрија, Германија, Холандија и Балканот, го издаваат својот трет долгочекуван албум „Никогаш пак“, кој ги содржи сите добропознати претходни хитови, како „Метеори“, „Ветер“, „Не време“, „Крик“ и многу други.

По двата последователно распродадени концерти во Скопје, по долго време повторно доаѓаат во Битола, овој пат во Клуб Јагода. Концерт за непропуштање!

Прог рок, панк фјужн, пост хардкор, наречи го како сакаш. From Another Mother се Владо и Борна и некој трет во улога на тапанар кој се менува по потреба. Ова загребачко трио пршти од енергија и создава тотално лудило на нивните концерти, бришејќи ја границата меѓу публиката и бендот, како и границата меѓу свирењето инструменти и неколку олимписки дисциплини како ритмичка гимнастика и трчање 200 метри со пречки.

Досега имаат издадено ЕР и два албуми, Bratebra, Epileptir i ATATOA, кои се во живо отсвирени во над 20 европски држави на неброени фестивали и клубови.

На концертот ќе го промовираат нивното ново издание, ЕР-то од 4 песни насловено Zest, кое има малку побрзи аранжмани, без компромис, директно и сирово во главата.
My me е сингл од ова EP кое излезе заедно со спот пред само неколку дена.

of

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.