Почетна ЗАБАВА И МУЗИКА Репортажи и привлечни туристички дестинации Репортажа за „Зеленото богатство на царската круна“

Репортажа за „Зеленото богатство на царската круна“

Зелено богатство на царската круна

Забранетиот град, величенствена царска резиденција на кинеските владетели, припадници на династијата Минг и Јинг, се наоѓа во самото срце на Пекинг, древна престолнина на империјата која ги поставила темелите на современата цивилизација. Тој е најголемата резиденцијална палата во светот. Раскошен комплекс кој се состои од 90 дворови, 980 градби и повеќе од 8.728 соби, иако се верува дека има 9.999 соби (9 е среќен број во Кина) на површина од 720.000 квадратни метри. Опколен е со ров 6 метри широк и високи 10 метарски ѕидини. Неговата изградба траела од 1406 до 1420 година и се проценува дека на неговата изградба работеле околу еден милион работници. Цели 500 години бил забранет за обичниот народ, и претставувал град во градот, се до 1912 година, кога последниот кинески цар Пу Ји абдицирал од престолот и забранетиот град бил отворен за јавноста. Денес, забранетиот град е најголемиот палата музеј кој е под заштита на Унеско од 1987година како значајно место за развојот на кинеската архитектура и култура. Годишно го посетуваат неколку милиони туристи, кои се воодушевуваат на боженствените градби, но и на магичната империјална градина. Ова рајско место е преполно со внимателно одбрани растенија и прекрасно бистро сино езеро Кунминг, околу кое се простира камено шеталиште кое е опкружено со дрвореди од жални врби. Има и бонсаи градина, како и многу други зелени богатства. Иако изобилува со многу растенија, вегетација, бонсаи градини и секакви уникатни билки сепак во надворешниот двор нема ниедно растение. 20% од музејот е сеуште забранет и во фаза на реставрација и се очекува да биде целосно отворен за јавноста во 2020 година.

metropolis-big