Ретро забава во “Партизанска штампа”

73

Вечерва, 14 ноември 2023 година, на Скопје ќе му се случува уште еден настан кој ќе спои повеќе генерации. Станува збор за најавена ретро журка со музика од 50-тите и 60-тите години, која вечерва, ќе се одржи во „Партизанска штампа“.
Оваа вторничната еуфорија ќе почне во 21 часот, а музичкиот избор ќе го направи познатиот скопски лик Владимир Муратовски Диво.
За потсетување, Владимир Муратовски Диво е панкер, социјален поет, познат и почитуван хроничар на скопската андерграунд сцена.
Во 2014 година го објави солопроектот „Електро Култура“ (издание на „Стотројка“), а има и други свои објавени изданија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.