RIS FLOWER со фантастична преработка на легендарната “Сите мои слики” од “Ареа”

106

Со доаѓањето на пролетта доаѓа ново, комплетно освежување на македонската музичка сцена. Во пресрет на мајската промоција на новиот албум, Ris Flower за прв пат се појавува со песна на македонски јазик- преработка на “Сите Мои Слики”.
Нашата интернационална музичка ѕвезда Ris Flower, заедно со својата екипа од Турција и Велика Британија, 23 години по првичното објавување, направи “cover”- преработка на еден од најголемите македонски рок хитови на сите времиња- “Сите мои слики” од групата Ареа.
Импресивниот звук на новата верзија на “Сите Мои Слики” е постигнат во соработка со светски признати мајстори и воодушевува со својот свеж, модерен и моќен звук уште на првото слушање.
Продуцент и аранжер– Мустафа Чанбалзар
Микс– Арикан Сарикаја
Мастеринг: Џон Дејвис– “METROPOLIS STUDIO” – Лондон
Снимено во студио: “STUDIO ARI”– Истанбул
Видео- Давид Михајлов.
ИЗЈАВА на Ris Flower:
“Огромно задоволство, но исто така предизвик и одговорност беше да се преработи песна која е буквално химна на многу генерации. Чест ми е што добив одобрување од членовите на “Ареа” за преработка на овој хит. Музиката на оваа легендарна група, а посебно песната “Сите Мои Слики” има големо влијание врз мене како автор, па затоа во пресрет на албумот кој го најавувам за оваа пролет, решив да направам преработка на истата а со тоа да изразам благодарност кон македонската музика и нејзиното влијание и инспирација врз музиката која јас ja творам на англиски јазик. Посебно драго ми е што покрај продуцентот Мустафа Чанбазлар, во целиот проект даде учество феноменалниот Џон Дејвис од Метрополис студио во Лондон, мастеринг инжинер на The Killers, Gorillaz, Dua Lipa, Led Zeppelin, Lana Del Rey, U2, Blur , Nick Cave и многу други …

Видео линк:

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.