Седум градови во трка за Евровизија 2023

27
„Евровизија: Овој месец“ Би-Би-Си открива 7 градови домаќини  кои влегоа во потесниот избор  на Би-Би-Си и Европската радиодифузна унија (ЕБУ) за град – домаќин на Евровизија 2022, и ги објавија дека тоа се Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд. Тие се прифатени како градови-домаќини во потесниот круг и ќе се натпреваруваат за домаќини на Евровизија во мај 2023 година.
Градовите домаќини кои ќе влезат во потесниот избор сега ќе поминат во втората и последна фаза, каде што ќе биде побарано подетално да ги прикажат своите понуди. Понудите ќе се оценуваат според различни критериуми, вклучувајќи ја и културната понуда која ја  вклучува локална и регионална активност надвор од екранот, како и прикажување на украинската култура и музика. Градот-победник ќе биде објавен наесен, заедно со дополнителни детали за натпреварот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.