“Шарла Рекордс”: Давид Ангелевски со “Чудна случка со кучето во ноќта” (музика за театарска претстава)

15


“Шарла Рекордс” го претставува изданието број 81, Давид Ангелевски – Чудна случка
со кучето во ноќта (музика за театарска претстава).

Се работи за албум составен од авторска музика, оригинално компонирана и снимена за потребите на истоимената претстава во режија на Зоја Бузалковска, според романот на Марк Хадон и адаптацијата на Сајмон Стивенс. Претставата е на редовниот репртоар на Драмски Театар Скопје.
По овој повод режисерката Бузалковска ќе напише:
“Фантастична и крајно луцидна приказна на односи преку толку специфичниот свет на Кристофер Бун. А во тој свет не постојат лаги, нема концепт за толеранција на неискреноста. Постои само вистина. И затоа е тој свет толку посебен и нежен… Да се пишува музика за една ваква претстава значи да се нурне длабоко во
светот на Кристофер Бун, да се разберат сите негови постапки и реакции, понекогаш многу неочекувани, секогаш потполно искрени. Прашањето што се поставува е како звучи неговата перцепција на светот што го опкружува, неговото доживување на луѓето и на појавите? Овде музиката станува неговиот внатрешен глас, неговите мисли и емоции, неговата паника од хаосот околу него и неговото спокојство во точките на познатото, неговите гласни стравови и тивки победи, неговата посебност. Освен тоа, музиката треба да го следи и филмскиот јазик на раскажување на приказната, како и брзите parkour динамични промени на времето и просторот…”
Албумот Давид Ангелевски – Чудна случка со кучето во ноќта (музика за театарска претстава) може да се преслуша и на одредено време слободно симне на: https://sharla.bandcamp.com/album/cudna-slucka-so-kuceto-vo-nokta-muzika-za-teatarska-pretstava

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.