Славенички концерт на Горан Бреговиќ

72

Големата рок легенда од балканските простори, Горан Бреговиќ, на 23ти Март ќе одржи голем славенички концерт во спортскиот центар”Јане Сандански”.
Во годината кога се слави 50 години од основањето на најуспешната екс ју рок група Бијело Дугме, а само еден ден после неговиот роденден, Горан Бреговиќ ја прифати нашата понуда да со својот “Оркестар за свадби и погреби” одржи голем славенички концерт.
Ова е уникатна шанса за сите негови фанови во една вечер да ги слушнат најголемите хитови од неговата кариера!
Бидете дел од овој голем славенички концерт!
Бреговиќ порачува, не носете подароци Вие сте мојот најголем роденденски подарок, дојдете во што поголем број Ви ветувам неверојатен спектакл ” Ко не полуди, није нормалан”
Влезниците за овој голем спектакл можат да се купат на сите продажни места на www.kupikartizase.com како и online на следниот линк https://www.kupikartizase.com/Events/goran_bregovic_2024

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.