Утре во Скопје: Додо Арслан ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн

19

Утре, 10.03.2023 година, со почеток во 10.00 часот во Амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, Додо Арслан, еден од најпознатите италијански дизајнери, ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн.
Додо Арслан е италијански дизајнер со ерменско потекло, кој живее меѓу Италија и Флорида. Тој е специјализиран за дизајн на мебел и светлечки тела, како и индустриски производи. Прогласен е од Министерството за надворешни работи на Р. Италија за Амбасадор на италијанскиот дизајн и се вбројува меѓу 90-те најдобри дизајнери во светот.
Препознатлив е по неговиот еклектичен стил и користењето на најквалитетни и уникатни материјали. Додо Арслан има дизајнирано многу култни креации кои се одржливи и се истакнуваат како декор и практични додатоци на просторот.
Како добитник на наградата Young & Design и наградата за Mini Design и Pirelli Pzero, креациите на Арслан Додо се многу барани и популарни низ целиот свет. Неговите креации беа изложени во Милано, на манифестацијата.
Покрај дизајнирањето, тој предава и на различни универзитети во Италија, САД, Шведска, Аргентина, Бразил, Чиле, Хрватска и Египет со цел на идните генерации дизајнери да им ги пренесе своите знаења и искуства.
Мастеркласот на Додо Арслан е организиран од страна на Амбасадата на Р.Италија и ITA – Italian Trade Agency, во рамки на Деновите на италијански дизајн, со кои се промовира уникатноста и врвниот квалитет на италијанскиот дизјан.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.