РЕКОА: “Зелникот на баба- Пробиштип”, колевка која обединува народ 

43
24.03.2024
Она што ќе пропуштам да Ви напишам, нека овие неколку прекрасни споделени фотографии ви покажат, што се збиваше  во Пробиштип на зелникот на баба, речиси ги имам околу 2134… Пробиштип претесна е твојата топла, срдечна прегратка, да ги прими сите љубители на зелникот, многумина останаа надвор и онака големиот плоштад на Пробиштип по улиците, парковите, рестораните, но сепак тука беа во близина и го почувствуваа твоето блаженство, мирисот на зелникот, музиката, орото, насмевката, прегратките, разговорите, сѐ се движеше, сѐ се претвораше во љубов, радост, надеж, прекрасно беше да се биде дел од овој ѕвезден, шаронолик настан со прекрасните македонски носии, збратимени со една мисла и цел, да се дојде до парче зелник повеќе, да се види еден пријател повеќе, да му се подари топла насмевка, прегратка, поздрав, сѐ она што животот носеше среќа на срцето и душата.
Она што го видов, она што не го видов спречен од ројот на овие вредни пчелички, нека овие прекрасни фотографии го покажат, во нив е вистината, а зборовите тоа само го потврдуват, а и многумина што беа присутни имаа можност тоа и да го почувствуват лично на своја кожа. Она што јас го доживеав драги мои пријатели и членови од групата ,”Зелникот на баба- Пробиштип” е приказна за себе, не само што видов многу драги ликови, пријатели од фб, што ги вкусив најубавите зелници, пити колачиња, лепчиња, од целиот македонски крај и пошироко, јас ја почуствував толинската, љубовта, добрината, љубезноста, позитивната енергија на македонскиот народ, речиси еден прекрасен балкански народ кој знае што сака, кој на овој ден ги заборави сите маки, проблеми, што животот им го пружа во ова буричкаво време.
Браво македонски народе, единствен си во светот што негативната енергија ја претвораш во позитивна, на многумина им даваш на знаење оти сме силни кога сме сплотени како едно македонско јадро, создадено од нашите предци, баби, дедовци, мајки, татковци, кои не потклекнале пред тиранинот и во најтешките мигови ја покажале силата на братството, нема ниту ние тоа да го дозволиме денес, покрај тоа што пред нас се изродени многу предизвици. Благодарам Пробиштип, благодарам народе македонски, граѓани на општина Пробиштип,  неуморниот Раде Илиевски, таткото на Пробиштип Драган Анастасов играорецот Ванде Маневски, Страшо Милошевски и сите индиректни и дирекни учесници, што и најмалку придонесоа со своето присуство и ја зголемиа убавината на ова прекрасна манифестација ,”Зелникот на баба- Пробиштип”.
 Благодариме Пробиштип што овој ден ни ги отвори ширум твоите портите на љубовта и мирот, твојот мост на пријателство е толку јак изграден и стои на цврсти темели, е вистински бедем пред нашите предизвици.
Се гледаме следната година, дотогаш да сме живи и здрави, сѐ друго ќе си дојде по ред, поздрав Пробиштип, поздрав до групата ,,Зелникот на баба- Пробиштип“ од срце и душа, секогаш вашиот драг пријател кој неизмерно Ве сака и почитува Добре Симоновски Џери.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.