19 ноември – светскиот ден за превенција од злоупотреба на деца

43

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА НА ПРИМЕРОК УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ГРАД СКОПЈЕ

*****

Предложен како светски ден во 2000 година и оттогаш одбележуван секој 19 ноември (во синергија со годишнината од Конвенцијата за правата на детето), Светскиот ден за превенција од злоупотреба на децата претставува годишна глобална кампања за подигнување на свеста чија цел е градење култура на превенција од детска злоупотреба.

Мрежата предводена од Women’s World Summit Foundation (WWSF), чија членка е и Првата детска амбасада во светот Меѓаши, обединува над 930 владини и невладини институции/организации од повеќе од 135 земји кои секоја година го одбележуваат овој ден. Оваа година Women’s World Summit Foundation (WWSF) испрати повик до сите членки, партнери и пријатели да учествуваат со локални и национални активности во остварување на Целта за одржлив развој број 16.2 на Обединетите нации: „Крај за злоупотребата, експлоатацијата, трговијата и сите форми на насилство и малтретирање на децата“ и на тој начин да се забрза и подобри превенцијата на злоупотребата на децата и младите во светот. Како што известуваат Women’s World Summit Foundation (WWSF), „секоја петта минута умира дете во светот како резултат на насилство и ние мораме да ги мобилизираме не само владите, туку сите граѓани – возрасни и млади – да се посветат на целосно остварување на правото на децата на достоинство и ненасилство“.
Македонија има активна Национална стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025), според која под поимот насилство се подразбираат „сите видови на физичко или ментално насилство, повреди или злоупотреба, занемарување или немарен однос, малтретирања или експлоатација на дете, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба, во однос на доверба и грижа од страна на родителите, старателите или некое друго лице на кое законски му е доверена грижата за детето“. Овој поим многу пошироко го дефинира насилството и подразбира насилство врз деца и тоа не само во контекст на меѓусебни односи на одговорност, доверба или моќ, како што се родители/старатели, туку и во меѓусебен однос со врсници, туѓинци, или кое било лице или група.
Последните истражувања заклучуваат дека училиштата не се подготвени да се справат со проблемот на растечко насилство и со различните видови насилство, за што сведочат извештаите на Народниот Правобранител. Во текот на септември – октомври, Детската амбасада Меѓаши спроведе истражување за состојбата на правата на децата на примерок ученици од основните и средните училишта во Град Скопје, како дел од еден поширок консултативен процес. Дел од анкетата беше посветен токму на прашањето на насилството и безбедноста на децата и младите. Учениците според истражувањето се чувствуваат најбезбедно дома (91,2 %) а најмалку безбедни на интернет каде што најголемиот дел одговориле со 3 (31,9 %). Учениците изјавиле дека во своето место на живеење најмногу се чувствуваат небезбедни поради присуство на насилство поради физички изглед и етничка припадност, кучиња скитници и проблематични момчиња во групи.
42,5 % од учениците сметаат дека има насилство во нивното училиште, а најчест облик на насилство 25,7 % од учениците го препознаваат дека е вербалното насилство, по што следи социјално насилство (исклучување од група / озборување) со 24,8 %. Трите најчести причини за насилство помеѓу врсниците се докажување на сила, љубомора и проблеми во однесувањето. Испитаниците сметаат дека нема разлика помеѓу полот во однос на тоа кој е најчесто жртва на насилство – 54% од испитаниците сметаат дека и момчињата и девојчињата се подеднакво жртви на насилство.
Само една четвртина (25,7 %) од учениците изјавиле дека пријавиле насилство. Но, она што е интересно и укажува на присутноста на насилство е што 15 % од испитаниците изјавиле дека не сакаат да одговорат. Тоа сугерира дека можеби биле сведоци на насилство, но не се чувствуваат удобно да разговараат за тоа или да го пријават.
Само 33,6 % од учениците сметаат дека одговорните служби во своето училиште реагираат соодветно и навремено на случаите на насилство. Голем дел изјавиле дека не се запознаени како реагираат службите (27,4 %) или дека службите не реагираат соодветно и навремено (11,5 %).
ЌСпоред интервјуто со претставници од Град Скопје, има потреба да се работи на темите булинг, дискриминација, ЛГБТИ теми, почитување на различности, како и на подобрување на довербата на децата кон стручните служби. Стручните служби сè уште се гледаат со стравопочит наместо како поддршка на учениците.
Ова го потврдува и ЈУМЦСР Скопје, според кој дополнително, децата се изложени на разновидни социо-патолошки појави поради што повеќе треба превентивно да се работи во училиштата (со децата, но и со родителите) на теми поврзани со ризиците како што се користење дроги, алкохол, трговија со луѓе итн. Според Центарот, сè повеќе се случува децата на возраст од 12 – 13 години да излегуваат по клубови, дискотеки, паркови во ситуација кога родителите имаат помала контрола имајќи предвид дека законски децата на таа возраст не смеаат да бидат надвор од дома по полноќ. Како поддршка треба да се јават општините, кои според интервјуто со УНИЦЕФ, иако треба да имаат програми за детска заштита, најголемиот дел немаат доволно капацитети и ресурси за детска заштита и за сеопфатен пристап. Дополнително, децата сметаат дека им е потребно поголемо чувство на безбедност за време на нивното движење вон домот и училиштето.
Истражувањето ја опфати и застапеноста на младите на интернет, т.е. на социјалните мрежи и алатки. Само 8,8 % од испитаниците изјавиле дека нивни податоци, фотографии или видеа биле споделени на интернет без нивна согласност, додека 25,7 % изјавиле дека познаваат врсник / врсничка на кого тоа му се случило. Позитивно е тоа што речиси две третини од децата (65,5 %) изјавиле дека нивни податоци, фотографии или видеа никогаш не биле споделени на интернет без нивна согласност.
ениците би пријавиле во семејството (69,95 %), полиција (29,25 %) и пријател (22,15 %) доколку некој ги малтретира на интернет или злоупотреби нивни лични податоци/ фотографија/видео.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.