Димитар Илиевски- добитник на “Цветиновата награда за мир”

251

По повод 24 октомври, Денот на ООН, денеска беше доделена “Цветиновата награда за мир” , на 80 годишниот Димитар Илиевски од Скопје, интернационален шаховски мајстор.
Поранешниот нобеловски кандидат, уметникот и хуманист Живко Поповски – Цветин ја востанови оваа награда со цел да ги обележи луѓето кои со своето дело придонесуваат за мир и ширење на идејата за мир.
Прв добитник е Димитар Илиевски, шаховски мајстор кој одбележува 9 значајни јубилеи ( 65 години од освоено второ место на Сениорско првенство во Битола во шах; 60 години еден од најдобрите шахисти во Македонија, 50 години шаховско мајсторство, 50 години најдобар шахист на Македонија, 50 години 120-то место на светската рејтинг листа, 40 години од играната рекордна симултанка со 58 шахисти…).
Годинавасо порака ,,Со мудрост до /за мир”, Димитар ќе одигра уште 50 партии шах (досега одиграл 50) по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Инаку Конески бил и прв претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.