Доделени наградите за најдобрите просветни работници на Скопје за учебната 2020/ 2021

409
Здружението на просветни работници на Град Скопје на 13.12.2021 година ја одбележа 20 годишнината од своето постоење и 20 годишнината од постоењето на манифестацијата “Просветен работник на годината на Град Скопје” за учебната 2020/2021 година, со пригодна програма во Македонскиот Народен Театар.
На почетокот пригодно обраќање имаше претседателката на здружението Катерина Митковска која истакна: “Здружението на просветни работници на Град Скопје со своите активности е познато во јавноста веќе 20 години. Со оваа наша јубилејна манифестација “Просветен работник на годината на Град Скпје” сакаме да изразиме благодарност и внимание кон просветните работници на територијата на градот Скопје за нивната посветеност и вложен труд во професијата кој заслужува да биде вреднуван. Во ова време на пандемија, брзите општествени предизвици го опфатија и образовниот процес каде просветните работници доследно одговорија на истите и се прилагодија на сите потешкотии се со цел поквалитетно и посовремено образование. Ако за просветниот работник, ученикот е во центарот на вниманието, тогаш центар на вниманието на општеството заслужуваат да бидат просветните работници од кои зависи успешноста на сите останати професии и области во тоа општество. Уште во најстарите времиња се придавало огромно значение на занаетот- учител. Ако според Џон лок детето кога ќе се роди е како “tabula rasa” празен лист хартија, тогаш учителот со своето знаење и умешност е тој кој влијае во испишувањето на тој празен лист и  изградувањето на личноста на детето. Им честитаме на колегите добитници на наградата “Просветен работник на годината на Град Скпје” за учебната 2020/2021 година и им посакуваме и понатаму успешна работа и личен напредок”.
Наградени беа:
-Виолета Петковска, воспитувач во ЈУДГ “Детска Радост”, Општина Гази Баба,
-Валентина Ангелковска, одделенски наставник во ОУ “11 Октомври”, Општина Центар,
– Анкица Спасова, предметен наставник во ОУ “Тихомир Милошевски”, Општина Ѓорче Петров,
-Емануела Есмерова, наставник по стручни предмети во СЕПУГС “Васил Антевски – Дрен”, Општина Кисела Вода,
-Стојанка Коцева, дипломиран дефектолог, вработена во ЈУ “Завод за рехабилитација на деца и младинци”, Општина Бутел, во категоријата – Училишни центри и заводи за образование и рехабилитација на деца и младинци,
-Крсте Велески, професор по педагогија, доби признание за особен придонес во домската педагогија во категоријата Ученички домови.
Во оваа пригода претседателката на здружението Катерина Митковска додели Признание за почесен претседател на здружението на проф. Раско Лозаноски. Истиот е пензиониран просветен работник, професор по македонски јазик и литература, основач на здружението и на два пати последователно негов претседател. Беа доделени и благодарници за истакнатите членови на здружението кои дадоа свој придинес во реализирањето на манифестацијата, на Раде Илиевски, Олгица Бајалџева, Светлана Јосифоска, Јадранка Клисарова, Фатиме Алии, Христина А. Борисовска, Валентина Трајкоска и Софка Коцева.
Изразија и голема благодарност до традиционалните нивни пријатели и соработници, издавачката куќа “Просветно Дело”, до Генералниот директор м-р. Павле Петров, директорката Весна Дукоска и одговорниот уредник Ана Иванова, која беше и модератор на настанот.
Манифестацијата ја збогатија со своите маестрални изведби учениците од МБУЦ “Илија Николовски- Луј” со нивните ментори Наташа Стојановска, Маја Митровска Богојевска и директорката м-р. Даница Стојанова.
Прекрасен настап имаа и учениците од ОУ “Партениjа Зографски” од Општина Кисела Вода со своите ментори, наставничката Весна Тодоровска – Унковска и директор Мартин Мартиновски. Незаборавен настап со “Ода за учителот” од Венко Андоновски имаше и ученичката Нина Ламева од ОУ “Браќа Миладиновци”, Општина Аеродром.
Благодарност за присуството и поддршката изразија и кон Град Скопје, градоначалничката г-ѓа Данела Арсовска која на добитниците им додели плакети.
Исто и благодарност до присутните – Претседателот на Советот на Град Скопје г- дин Трајко Славевски, претставници од екторот за образование при Град Скопје, од Амбасадата на Република Србија со нејзината екселенција г-ѓа Невена Јовановиќ, од Амбасадата на Република Босна и Херцеговина со неговата екселенција г-дин. Драган Јаќимовиќ, од делегацијата на Европската Унија со претставник г-дин Стефен Худолин,  од Фондација “Никола Кљусев”, Сојузот на учители на република Србија, како и ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин,  писателот Горјан Петревски, Македонскиот Народен Театар со директорката Симона Угриновска, како и целата екипа за беспрекорниот професионализам. Како и Фармацевската компанија Реплек фарм, и ОУ “Кирил Пејчиновиќ” каде здружението користи канцелариски простории.
Фото – Сити фото и Јован Лешански
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.