Општина Кисела Вода пред влезот на отворениот пливачки базен во Расадник, направи нов парк за миленици.
Паркот се простира на површина од околу 420 м2, и истиот е со висина на ограда од 1,6 метри. Во паркот поставена е урбана опрема, осум клупи за одморање, шест корпи за отпадоци и за собирање на изметот. Поставени се и четири реквизити за милениците. Ова е втор парк за миленици ,откако неодамна, парк за домашни миленици, Општината направи и во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“.
Сепак ваквите места за милениците се од огромно значење во урбаните населби .
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.