Домот во Кратово, уметничко катче на креативната Славица

351

Домовите за деца со посебни потреби, носат голема радост за нивните корисници, каде имаат можност креативно да го поминат своето време таму, и затоа потребно е да ги има во секој град.
Дневниот ценар за лица со посебни потреби во Кратово, кој постои од 2013 година, е голема радост за младата Славица Петковска, таа ни раскажа и зошто.
-Јас сум корисник таму од самиот почеток, таму поминувам многу убави денови и заедно со дечињата корисници правиме прекрасни изработки. Ќе кажам дека го чувствувам за мој втор дом. Дружбата со дечињата ме исполнува се чувствувам среќна кога сум таму. Дури имаше еден натпревар, во соработка со дневнот центар Делчево, каде што освоив диплома и медал. Тој убав момент нема да го заборавам, сакам да одам таму тоа мене ме прави среќна, вели Славица.
.оваа креативна девојка, која прави уметнички креации, ае позната во јавноста по тоа што го обожава Тоше Проески и ги пее неговите песни. Понекогаш и во Домот ќе запее нешто од Тоше. Таму често се случуваат забави за корисниците .
-Посебно пеам на 3 декември, и тогаш сум посебно среќна, затоа што тогаш е и мојот роденден, вели Славија. Ексклузивно ни испрати и дел од изработките, за да ги види и пошироката јавност.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.