„Елка на желбите“, да прерасне во традиција

41

Покрај главното новогодишно украсување на градот кое е во тек, на градското шеталиште е поставена новогодишна елка со лампиони, на кои се испишани симболични пораки.
Општина Гевгелија ја поддржа иницијативата на младите волонтери во Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија, украсувајќи ја заеднички елката на градскиот плоштад. Имено, целта на ова
дополнително новогодишно украсување е да прерасне во традиција под мотото „Елка на желбите“.
Како што истакнаа претставниците од Клубот на младите, новогодишната еуфорија носи среќа и радост на сите лица, а испраќањето на заеднички пораки со желби за повеќе здравје, среќа и мотивација ќе придонесат за разубавување на животот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.