Гевгелија ја проширува соработката со МОФ

43

Во Општина Гевгелија, претставници на општинската администрација остварија средба со претставници на Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEf, Јоана Треневска и Петар Барлаковски, заедно со претставник на РЦОРГевгелија, Катица Хаџи-Николова Трајковска.

На средбата, стана збор за соработката со Општина Гевгелија и намерата на МОФ за отворање Локална канцеларија во просториите на РЦОРГевгелија. Локалната канцеларија на МОФ во Гевгелија ќе работи на овозможување неформално образование за дебата, правна писменост, активизам и креативна слобода. Канцеларијата редовно ќе известува за последователни активности на младинските клубови што ќе функционираат и редовно ќе известува за сите планирани активности во Гевгелискиот Регион.
Покрај тоа, беше презентиран и документот за јавни политики „Младинска вклученост во единиците на локалната самоуправа“ кој е изработен во рамките на проектот: „Младински политики за подобар животен стандар на млади од помали средини“, а финансиски поддржан од Фондацијата „Отворено општество“- Македонија. На кое му претходеше истражување на МОФ за застапување на младинските приорирети во седум општини од Полошки, Источен, Југоисточен и Југозападен Регион, во соработка со младинските локални организации. На 6-те работилници учествуваа и млади од Општина Гевгелија, на кои ги мапираа проблемите со кои се соочуваат во општината.
Во согласност со спроведувањето на Законот за младински политики и младинско учество, беа дадени препораки долокалната самоуправа за реализација на информативни посети во училиштата, на кои ќе бидат промовирани назначениот службеник за млади во општината и неговата улога, како и улогата на
Локалниот младински совет. Беше посечена и потребата од редовни посети и од страна на другите службеници, со цел младите да воспостават комуникација и да ги пријават проблемите, да постават прашања или да споделат идеи.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.